За Нас

УЛТРА – ОД ОСНОВАЊЕ ДО ДЕНЕС

Ултра е основана во 1988 година и во почетокот работи како група на автори за развој на специјализиран софтвер по нарачка на крајните корисници. Од 1989, Ултра е регистрирана како фирма. Во 1990 се формира во денешниот облик како приватна сопствена компанија УЛТРА ДОО Скопје.
Во 1995 Ултра ги прави првите пионерски чекори во интернет сервисите во Македонија, формирајќи ја фирмата ќерка Унет, која станува прв интернет сервис провајдер во Македонија. Во 2003 година, Ултра ја купува фирмата Телит, која е специјализирана во областа на телекомуникациите и исто така партнери на Avaya и Nice.
Во Јули 2003 Ултра го имплементира системот за контрола на квалитет (Quality Control Management) ISO 9001:2000. Сертифицирањето го изврши меѓународно независно сертификационо тело од Австрија, OQS – Zertifizierung-und-Begutachtuns GmbH, Виена.
Во текот на 20 години Ултра расте и освојува нови полиња како што се продажба и инсталација на хардверска опрема и комуникациска ифраструктура, развој на специјализирани хардверски и софтверски системи и др. Денес Ултра е една од водечките компании на полето на информационите технологии во Македонија, чие портфолио се состои од дизајнирање, развој и имплементација на сложени информативни системи, како и поддршка со сите видови на услуги за време на сите фази на еден IT проект. Ултра е денес најголем IBM Business Partner во Македонија, еден од најголемите партнери Oracle во Македонија, како и партнер и/или преставник на други реномирани светски компании во областа на информатичката технологија.

ECDL

ECDL Старт е основен Европски стандард за работа на компјутери кој опфаќа пакет од: општи познавања за работа со датотека, обработка на текст, табеларни калкулации и користење на интернет.

"ECDL - Компјутерски вештини за цел живот"

"Што е ECDL, на кого му е потребен ECDL сертификат и зошто?"

"Полагањето на испитот се одвива во овластените ECDL Тест центри. Испитниот материјал, криран од страна на ECDL Фондацијата во соработка со голем број на стручни лица од целиот свет, е идентичен во сите земји. "